Меѓународен тамбурашки фестивал

Со настап на Трио Гранде плус од Кавадарци во придружба на Бубо Каров од К-15, се отвори 12-тото издание на Тамбурашкиот фестивал кој традиционално секоја година се одржува на Градскиот плоштад. Првиот човек на градот, Зоран Дамјановски, кој официјално го прогласи фестивалот за отворен, истакна дека е среќен што Куманово успеа да одржи една ваква манифестација, која што е единствена од ваков вид во државата и пошироко.

-Познат бренд на тамбурашката музика, имаме два дена фестивал, осум оркестри, посетеноста на ваков вид  има своја специфика тоа е плоштадска манифестација, луѓето доаѓаат си одат, не е некоја музика која собира млада публика-истакна Дамјановски.

Претседателот на Фондацијата за култура и спорт, Нино Величковски посочи дека постои можност фестивалот наредната година да биде организиран на новоотворениот градски базен. Покрај оркестарот Трио гранде и Бубо Каров, на првата фестивалска вечер настапија и  градскиот тамбурашки оркестар „Бранко Радичевиќ“ од Рума, Република Србија, групата Амадеус и кумановецот Игор Васиљков, а вечерта ја затвори ансамблот на  „Здравко Ќосиќ“ од Бања Лука.

 

Присутните граѓани истакнаа дека секогаш со задоволство доаѓаат на тамбурашкиот фестивал.

-Прекрасна манифестација ова е единствена во Македонија, јас сум музичар и секаква музика обожавам ова е мелем за душата-истакна таа.

Инаку на втората фестивалска вечер која е и последна ќе настапат Наши Тамбураши и Нино Величковски, заедно со Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, а честа да ја затворат манифестацијата ќе им припадне на гостите од Словенија, оркестрите Шмартно од Литија и Цирковице од Цирковице. Фестивалот се одржува со средства во висина од 600 илјади денари од кои 200 илјади се од Министерството за култура, а останатиот дел од буџетот на општина Куманово.

 

Коментари

коментар(и)