МЗ: Дистрибуирани нови количини инсулин, пациентите се соодветно покриени

Во инсулинските аптеки се дистрибуирани нови количини инсулин, а во финална фаза е јавната набавка за дополнително обезбедување инсулин, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму посочија дека пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени. Инсулинот почнува да се дистриубиура по сите поликлиники.

Од министерството за здравство потврдија дека „станува збор за еден тип инсулин, од кој неодамна се потрошени количините, за него има аналог на таа генетика, така што пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени.

 

Коментари

коментар(и)