МЗ: Зголемен интересот за вакцинација

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.

Коментари

коментар(и)