Милевски: Се вакцинирав за да го заштитам сопственото и здравјето на другите

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска во спортскиот центар Борис Трајковски се вакцинираше против Ковид-19.

– Се вакцинирав, заедно со уште многу други граѓани, за да го заштитам  сопственото и здравјето на другите. Сопственото здравје е наша одговорност, но исто толку сме одговорни и за здравјето на нашите најблиски, на нашите соработници, роднини и пријатели, посочи Милевски.

Тој додаде дека само со вакцинација ќе можеме побрзо да се вратиме на нормалното живеење и работење и само со масовна вакцинација ќе можеме да излеземе со помалку последици и од здравствената, но и од посериозна економска криза.

Коментари

коментар(и)