ВИДЕО: Минатата седмица регистрирани 174 нови случаи на ковид 19 на ниво на земјава

Институтот за јавно здравје ја објави неделната информација за состојбата со ковид 19. Во период од 21-ви до 27-ми ноември, тестирани се вкупно 2.827 материјали за присуство на SARS-CoV-2, со незначително намалување од 0,1% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 174 нови позитивни случаи од 18 градови во државата, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела (n=179). Процентот на позитивност се движи од 2,7% до 8,2%, просечно 5,8%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Највисока инциденца е регистрирана во Крушево.

Коментари

коментар(и)