Министерството за внатрешни работи информира дека денеска (10.10.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Куманово ќе пречека делегација од Република Србија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Делегациите ќе остварат билатерална средба во 11.00 часот во просториите на СВР Куманово по што ќе следуваат изјави.

