Во општина Старо Нагоричане кандидатот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Славковски освои најголем број гласови во првиот круг на локалните избори. Од досега обработените 92,11% отсто од гласовите, Славковски води со 50,63 отсто, односно за него гласале 920 граѓани.
По бројот на гласови следува кандидатот на коалицијата на СДСМ, Далибор Трајковски со 522 гласа, односно 28,73 отсто од гласовити, потоа Власте Димковиќ од Српска странка со 11,45 отсто и со најмалку гласови е кандидатот на Левица Андреј Димитријевски.
Според 99,83 отсто обработени гласови од страна на Државната изборна комисија, во новиот состав на Советот, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат освоено по три мандати.
По еден мандат имаат освоено ЗНАМ, Единствена Македонија и Српска странка.
Распоредот на советнички мандати според прелиминарните резултати изгледа вака:
1. ИВАН МАРКОВИЌ (5. Коал. СДСМ)
2. САШКА КРСТЕВСКА-ПАВЛОВСКА (5. Коал. СДСМ)
3. НИКОЛА НОВЕВСКИ (5. Коал. СДСМ)
4. ИВИЦА ДИМКОВСКИ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
5. ДРАГАН СПАСИЌ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
6. СУЗАНА ДИМКОВИЌ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
7. МИЛОШ СТОЈМАНОВСКИ (2. ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ)
8. САША АНДОНОВСКИ (12. ЕДИНСТВЕНА МАК.)
9. ДЕЈАН ЈОВЧИЌ (16. СРПСКА СТРАНКА)
По официјализирање на резултатите, ОИК треба да им издаде верификација на мандатите.
