Младите од ВМРО-ДПМНЕ со пакетчиња за дечињата

По повод претстојните новогодишни празници, членовите на Унијата на млади сили при општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Куманово подарија пакетчиња на дечиња на детскиот оддел во Општата болница.

-Со овој гест сакаме да ги израдуваме најмладите и да им ги разубавиме празниците бидејќи тие се нашата иднина! Среќата е поголема кога ќе ја споделиш. Среќни празници-информираат од партијата.

Коментари

коментар(и)