Младите против радикализацијата во општеството

Неколку граѓански организации иницираат создавање платформа каде што преку едукација на младите ќе се работи на превенција од појава на радикализација. Оваа активност е главна цел на тригодишниот проект „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација – (Младите против насилство)”, предводен од Иницијатива за Европска перспектива, во партнерство со неколку организации, меѓу кои и  Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово.

Досега овие организации одржаа три работилници за контра-наративите и алтернативни наративи за спречување на радикализација што може да доведе до насилен екстремизам и тероризам и за улогата на граѓанските организации во превенција од радикализација.

Во рамки на работилницата која се одржа во Куманово, реализацијата и идејата на проектот ја поздрави и советникот за млади и младински политики во Владата, Ѓорѓи Тасев, кој изрази огромно задоволство од креирање на платформата која ќе работи со младите и ќе ги зајакнува нивните капацитети во насока на градење мир, соживот и толеранција.

Коментари

коментар(и)