Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на пензиите за октомври, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата е денеска, за оние до 14.000 ќе се врши утре. За лицата со примања до 18.000 денари ќе биде во среда, додека за пензиите со висина над 18.000 ќе се изврши во четврток.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска.