МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде неработен ден

Измените на Законот за работните односи, кој беше усвоен на владина седница, прецизно утврдува дека недела е ден на неделен одмор и гарантира дека за над 92 проценти од работниците недела ќе биде неработен ден, тврдат од Министерството за труд и социјална политика.

Според нив, законот јасно ги дефинира дејностите кои ќе можат да работат во недела и станува збор само за дејности кои се неопходни за функционирање на државата.

Вработените во овие дејности ќе добијат дневница повисока за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена.

Коментари

коментар(и)