Музејот одбележува 57 години постоење

Кумановскиот музеј денеска одбележува 57 години од постоењето. Годинава како што информираат надлежните од оваа културна установа реализирани се скоро сите предвидени настани, согласно протоколите, завршени се речиси сите истражувања од повеќе области. Велат  завршени се 25 проекти од сите области финансирани од Министерството за култура. -Во целина е организирана предвидената програма и во Музејот и во Уметничката галерија. Остануваат уште неколку проекти за да се заокружи годината. И за наредната година според првичните сознанија од Министерството за култура очекуваме сличен буџет како овогодишниот кој изнесуваше над два милиони денари за реализација на програмата-изјави директорот на установата, Богдан Таневски.

И наредната 2021 ќе се реализираат истражувања од археологија, историја, историја на уметност, сите одделенија ќе имаат свои проекти. Музејот првично почнал да работи како секција на општина Куманово заедно со архив уште во 1951 година, по што архивот станува посебна институција, а подоцна се формира и музејот како историски. Во 1978 година се формираат уште две одделенија, за археологија и етнологија. Наредната година музејот станува народен музеј. Низ годините се зголемувал бројот на вработени и во 2004-та година музејот станува национална установа, бидејќи е комплексен музеј со повеќе оддели.

Коментари

коментар(и)