Музеј Куманово доби 23 проекти од министерството

Ќе продолжи да се осовременува историското одделение од музејската поставка, откупот на етнолошки материјал, а ќе се работи и на документарен филм за бракови меѓу невести Албанки и стари ергени од Козјачијата. Ова се само дел од проектите кои годинава ќе ги реализира кумановскиот музеј, со средства од Министерството за култура. Министерството одлучи оваа година на кумановскиот музеј да му додели  23 проекти.

-Творештвото на зографите од 19 ти и почеток на 20 ти век во Куманово, тоа е изложба, потоа следуваат Килимот во Куманово и кумановско, истражување за дервишите во кумановско, работилница на тема Народно творештво инспирација за творење на средношколци од кумановска гимназија, едукативни работилници за деца Сподели богатство, Црковно градителство, конзервација на музејски материјал и опрема за лабораторија, систематски археолошки истражувања на локалитет Црквиште, село Клечовце, систематско археолошко ископување на локалитет Градиште, Младо Нагоричане, средновековна патна мрежа во кумановски регион-посочи Богдан Таневски, директор Музеј Куманово.

Директорот на кумановскиот музеј, нагласи дека генерално е задоволен од програмата, а годинава оваа културна установа прославува 55 години постоење.

-Очекувавме повеќе од побарани 2 милиони, за реконструкција и санација на куќа музеј на Христијан Тодоровски Карпош за оваа година одобрени се 150.000 и вториот проект што не е прифатен е издавање на Музејски гласник-дополни тој.

Од издавачката дејност во 2019-та се одобрени средства за списанието Музејски водич за деца.

-Работилница, занаетчиство во Куманово денес и некогаш, конзервација на музејски предмети, од ликовна дејност, за оваа година во галеријата ќе реализираме 7 изложби. Очекуваме овие денови да направи договори за останати изложби затоа што има индивидуално автори кои се јавиле на конкурс наша обврска е да им дадеме простор-дополни Таневски.

За реконструкција на просториите каде се сместени вработените од кумановскиот музеј минатата година биле вложени 550.000 денари. Од установата се надеваат дека и оваа ќе успеат да ги заменат санитариите и ќе се обнови канцеларискиот мебел.

Коментари

коментар(и)