Младинскиот центар MултиКулти, при Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) – Куманово, со поддршка од Националниот демократски институт (НЕД), организира 3×3 турнир во кошарка. Настанот ќе се одржи на 19-ти јули 2024 година, со почеток во 19:00 часот, во Соколанскиот парк – Куманово.
Целта на овој настан е да се промовира интеркултурниот дијалог, да се негува спортскиот дух кај младите и да се подобри нивната физичка и психичка активност, вели Јована Лазаревска од Младинскиот центар МултиКулти
