По неколку години пауза, традицијата продолжува!
Асоцијацијата за култура и уметност Мулти Арт заедно со ТВ ПЛУС организира голем Велигденски хуманитарен концерт кој ќе го посветиме за наша млада сограѓанка Александра.
Покана до сите добронамерни и хумани луѓе: да покажеме заедништво со подадена рака кон семејството на 21 годишната Александра Митровска, која храбро се соочува со последиците од болеста церебрална парализа.
По долги години животна борба, Александра конечно има можност за неуророботска рехабилитација, можност која влева оптимизам и надеж за младата девојка. Потребни се 26 000 евра за тримесечна терапија.
За таа цел здружението Мулти Арт и ТВ Плус во соработка со НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, на втор ден од Велигден 22 април 2025 година (вторник) со почеток во 19.30 часот, големата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ организира Велигденски хуманитарен концерт на кој ќе настапат познати музички имиња.
Собраните средства ке бидат наменети за лекување на Александра.
Ќе имате можност да уживате во убавата македонска музика , а истовремено ќе ја покажете вашата хуманост.
Нашето малку за Александра ќе значи многу.
Цена на билет е 200 ден.
Ве очекуваме!