Се одбележува 7 Април – Светски ден на здравјето

Директорот на ЈЗУ Општа Болница Куманово м-р Сашо Стошевски на сите граѓани им го честита 7-ми април, Светскиот ден на здравјето. Посакува на сите да имаат добро здравје и да се грижат за истото.

-Ние како ЈЗУ секогаш стоиме на располагање на граѓаните, 24 часа во неделата, 365 дена во годината. Работиме врз начелата на достапност, рационалност, ефикасност и континуираност на здравствената заштита. На светскиот ден на здравјето една добра вест како за граѓаните така и за нашата ЈЗУ , во тек е огласот за вработување на 28 специјализанти  и тоа од областите на педијатрија, гинекологија, кардиологија, офтамологија, утологија, психијатрија, ортопедија, хирургија, интерна медицина, детматовенерологија, пулмологија, оториноларигологија …. Со вработување на специјализантите ќе решиме еден дел од проблемите со кадровата екипираност на стручниот кадар. Се разбира дека со овие 28 вработување не ги решаваме сите потреби од недостаток на кадри во Болницата но се надевам дека во брзо време ќе имаме и вработување на среден медицински персонал, медицински сестри, болничари и помошно технички персонал кои ни се потребни за нормално одвивање на процесот на 24 часовна здравствена заштита. На сите здравствени работници им посакувам пред се добро здравје, барам од нив поголема посветеност и ефикасност во своето работење бидејќи нашата единствена цел е навремена, брза и ефикасна здравствена заштита на населението. Обично секогаш милуваме да кажеме дека за се е системот крив, меѓутоа сите ние сме дел од системот, и здравствените работници и пациентите. Затоа на овој ден еден апел , ајде сите заедно да се обидеме да го подобриме системот со нашиот однос кон здравствениот работник и односот на здравствениот работник кон пациентите. Да се обидеме сите заедно да го подобриме здравствениот систем  – изјави м-р Сашо Стошевски, директор на ЈЗУ Општа Болница Куманово