Навивач од Куманово оштетил возила по кошаркарски натпревар

Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер во 21 часот лишиле од слобода 23-годишен кумановец. Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Притоа, приведениот, претходно е забележан како со тврд предмет ги оштетува возилата на гостинскиот тим и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сите учесници во пресметката и за целосно расчистување на случајот.