Над 25 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Со последните бројки, 25 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 74 076 граѓани, објави Министерството за здравство.

Вчера се вакцинирани 9 123 граѓани, од кои со прва доза 7 963 граѓани.

Според податоците на Министерството, во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92 253 граѓани.

Според Националниот план за вакцинација, во моментов вакцинацијата се спроведува кај возрасни лица, граѓани што се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, како и вработени во критична инфраструктура.

 

Коментари

коментар(и)