Над 60 лица од Здравствен дом Куманово чекаат вработување, постапката „заглавена“ во Министерство за финансии

Триесет и пет лица, лекари и административци, како и 26 медицински сестри кои во моментов се ангражирани со договор, чекаат вработување во Здравствениот дом во Куманово. Работат со договор на дело, без здравствено и пензиско осигурување. Некои од нив се дури и четири години на терен, во Итната помош, домашна посета, пунктот за вакцинација.

Како што дознава ТВ Плус постапката за вработување започнала од пред четири години. Вработувањата биле одобрени во Министерството за здравство и Фондот за здравство, но процесот повеќепати „заглавил“ во Министерството за финансии, од каде како што посочуваат нашите извори секогаш негативно било одговарано на барањата од ЈЗУ Здравствен дом Куманово, иако лицата се предвидени во систематизација,годишниот план за вработување, и установата има обезбедено финансии за оние кои се на договор на дело.

На некои од ангажираните договорите им истекуваат на крајот на месецов, па се поставува прашањето како ќе функционира Здравствениот дом и дали ќе се блокира процесот на работа.

Коментари

коментар(и)