Намален бројот на заразени, вели анализата на ИЈЗ

Опаѓа бројот на заразени и на починати од ковид-19. Според анализата на институтот за јавно здравје, во периодот од 7-ми до 13 февруари, бројот на новозаразени е за 13,4 насто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Минатата недела биле пријавени илјада 236 реинфекции, од кои 6 се втори, со намалување за 7,8 проценти во однос на претходната недела. Пријавени се 124 смртни случаи или за 32,6 насто помалку. Најголем број од починатите биле на возраст над 60 години.

Коментари

коментар(и)