Нападнат вработен на депонијата „Краста“

Четирисет и шестгодишен кумановец, вработен на депонијата „Краста“ бил физички нападнат од неколку лица. Негов колега, вчера по 16 часот пријавил дека Д.М (46 години) од Куманово бил физички нападнат од М.Џ. (22 години), С.Џ. (51 година) и Н.Џ. (50 години) со тврд и метален предмет, информира полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)