Најавени прекини на струја во нашиот град

Во текот на утрешниот ден во период од 08:00 до 10:00 часот прекини на електричната енергија се најавени за месноста Стари Лозја.

Во период од 09:00 до 14:30 часот утре без струја ќе бидат жителите од улиците „Титова Митровачка“, „Никшичка“ и „Тоде Думба“.

Утре во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Доне Божинов“, односно населбата Средорек.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Коментари

коментар(и)