Најавени прекини на струја за утре во дел од Горно Којнаре

Утре во траење од два часа, односно од 09.30 до 11.30 часот без електрична енергија ќе останаат корисниците во селото Горно Којнаре, место викано Крстовци, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Дел од селото ќе биде без струја заради  реализација на инвестиционите зафати на ЕВН Македонија за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, соопштуваат од РЦУК.

Коментари

коментар(и)