Најмногу до 6 месеци може да се возат странските возила

Најмногу до шест месеци можат странските возила да престојуваат на територијата на земјава и во тој временски период не плаќаат никакви давачки на државата, освен патарина заради тоа што се движат, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објаснувајќи ја законската регулатива, колкав временски период може да се управуваат моторни возила со странски регистарски ознаки на територијата на нашата држава, дали МВР врши контрола над овие возила и дали во тој период од шест месеци освен патарина овие возила плаќаат некакви давачки на државата.

Коментари

коментар(и)