На Табановце запленети над дваесет илјади евра од патник

Спречен е обид за нелегално изнесување на поголема сума девизи, односно  18.450 евра и дополнителни седум илјади долари кои што македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничниот премин Табановце, информираат од Царинската управа.

Според надлежните, на лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, вратени му се две илјади евра, а останатите се запленети.

Против него е поднесена пријава за девизен прекршок, стои во соопштението.