На Табановце откриени непријавени 30.000 евра

На граничен премин Табановце од страна на полициски службеници е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60 години) од Република Турција.

При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)