Триесет и тригодишен струмичанец бил баран со телеграма распишана од кумановската полиција, а вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце. Се работи за лицето Д.Д. (33) од Струмица, информираа од МВР.
При преглед во товарното возило „фиат дукато’’ со швајцарска национална ознака, управувано од Д.Д., била пронајдена цевка од огнено оружје.
Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.