На 5-ти јуни се полага првиот екстерен испит

За две седмици, 15.294 средношколци ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик, кој е задолжителен за сите кандидати.

Шест дена подоцна ќе бидат тестирани и за вториот екстерен испит кој е изборен. Откако минатата година матурата не беше организирана поради пандемијата, Државниот испитен центар е во завршни подготовки за годинава да ја реализира успешно и во КОВИД-услови. Утврден е здравствен протокол за деновите на полагањето, околу 2.000 тестатори ќе бидат целосно вакцинирани, а за матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе имаат коронавирус или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии.

Скратени се и испитните програми за предметите опфатени со матурата (екстерни и изборни) што, покрај намалувањето на бројот на екстерни испити од три на два, беше, исто така, меѓу барањата на Средношколскиот сојуз и прифатено од Владата во февруари.

Коментари

коментар(и)