Недела на борба против срцевосадови заболувања

Општинската организација на Црвен крст Куманово ја одбележа неделата на борба против срцевосадови заболувања која трае од 21- 28 февруари , под мотото: „Здраво срце, среќно срце”.

Во рамки на неделата се организираа 5 едукативни предавања од кои 4 за ученици од средните училишта и едно предавање во Здружение на пензионери Куманово. На присутните пензионери им беше извршено мерен на шеќер во крвта и крвен притисок. Предавањета ги одржа Д-р Елена Николиќ, а присутни беа вкупно 114 учесници.

Целта на овие активности беше да се подигне свеста за сериозноста на болестите на кардио-васкуларниот систем, како и едукација околу наједноставните начини на превенција кои треба да ги усвоиме како навики во секојдневното живеење, и тоа како нездравата исхрана, физичката неактивност, употребата на алкохол и тутун како и стресот се едни од најважните фактори за ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Коментари

коментар(и)