(ВИДЕО) Недостигаат мајстори, предупредува Занаетчиската комора

Ако бараме мајстор за чешма, нема да најдеме бидејќи ги нема во нашата држава, велат од Занаетчиската комора, потенцирајќи дека занаетчиите се дефицитарни. Се бараат сите дејности, пекари, молери, плочкари, заварувачи, лимари.

– Сите професии се бараат, кризното време го покажа тоа дека занаетчиите се дефицитарни и луѓето не знаат каде да се обратат, се обраќаат во регионалните комори и националнат комора. Мислам дека државата треба да мисли да сувенционира претпријатија што ќе земаат практиканти, не во смисла 2, 3 илјади денари, сувенцијата треба да биде многу поголема за да стимулираме ученици за стручно образование, за да гледаат интерес во тоа и да почнат да работат во вакви дејности-истакна Агрон Фазли, претседател на Занаетчиска комора.

Досегашното искуство зборува за недостиг на ученици во средните стручни училишта, иако на пазарот на трудот токму тоа најмногу се бара. Полуматурантите сепак најмногу се одлучуваат за гимназиските и медицинските насоки.

 Гледаме сега некои иницијативи за стручното образование и дуалното образование, на што сме горди, но дали тоа ќе успее и дали занаетчиите ќе ни останат тука е прашалник. Ќе треба многу внимателно да стимулираме уште од основното средното училиште и претпријатијата да ги стимулираме што ќе земаат практиканти и учениците што ќе одлучат да одат во стручно образование, да ги стимулираме, и школите, за да на крај после 2, 3 генерации, да се опфатат дејностите-дополни тој.

Од Занаетчиската комора нагласуваат и дека се повеќе мајстори заминуваат во западните држави бидејќи таму многу повеќе се цени нивниот труд.

Коментари

коментар(и)