Неколку локации утре без струја

ЕВН Скопје информира дека во текот на утрешниот ден ќе има прекини на електрична енергија на неколку локации.

Во  периодот  од 08 до 14 часот без струја ќе биде дел од улицата „Ѓуро Пуцар Стари“.

Во  периодот  од 12 до 13  часот ќе нема електрична енергија и во Горно и Долно Којнаре, Костурница, Кратовци, Индустриска  зона Речица.

Истиот ден од 09 до 14 часот струја ќе нема и во селата Брзак и Романовце-стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи.