Неколку пожари во Куманово и во Старо Нагоричане

Четири пожари на територијата на општина Куманово и два на подрачјето на општина Старо Нагоричане би ле евидентирани во текот на вчерашниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Сува трева вчера горела во населбата Перо Чичо кај месноста Пармакови ниви и кај Стари лозја. Пожарникарите гаселе сува трева и во реонот над воените магацини во селото Проевце.
И во општина Старо Нагоричане била запалена сува трева во атарот на селото Облавце и во селото Стрновац.