Неколку училишта без парно греење

Четири основни училишта кои користат нафта како суровина за греење денеска останаа со студени  училници, откако залихите со нафта се потрошија. Станува збор за училиштата Вук Караџиќ, Христијан Тодоровски Карпош во населбата Перо Чичо, Бајрам Шабани и Наим Фрашери. Утрово учениците после првиот час беа пуштени дома, а истото се случи и со втората смена.

Од секторот за образование во општина Куманово информираат дека прават натчовечки напори да обезбедат нафта за затоплување на училниците. После пладне е набавена одредена количина нафта , а дополнителни количини се очекува да бидат доставени до училиштата до утре. Надлежните очекуваат стабилизирање на состојбата од среда кога ќе стартува со работа новата фирма за набавка на нафта за греење избрана на тендер на 26 јануари. Инаку,  оние училишта кои што се затоплуваат на природен гас и огревно дрво немаат проблеми со затоплувањето на училниците и таму наставата се одвива без проблеми.

Коментари

коментар(и)