Обезбедена нафта за училиштата

Учениците од четирите основни училишта кои што вчера останаа со студени простории утрово се вратија во училишните клупи. Во текот на вчерашниот ден набавена е нафта за затоплување на училиштата за два дена, а денеска се работи на обезбедување на дополнителни количини , информираат надлежните.

– Го надминавме тој проблем во попладневните часови меѓутоа сега се бориме за понеделник и вторник како да обезбедиме за уште тие два дена кои се клучни до отпочнување на испорака на новата фирма. Ова е предочено и на Одделението за јавни набавки кое ги врши и ги обработува сите овие тендери да се воспостават такви односи со добавувачот на нафта за да немаме повеќе вакви исцрпувачки моменти и за дечињата кои седат во недоволно затоплени училници . Ова е една исцрпувачка работа -колку нафта ќе се донесе, дали ќе може нормално да се одвива образовниот процес така што имаме сознанија дека се работи за многу посериозна фирма и очекувам дека ќе го премостиме понеделник и вторник , така што од среда мислам дека ќе имаме една нормална состојба и дека ова ќе биде тема која повеќе нема да биде дежурна на медиумите и да не трпиме критики и од родители и од наставен кадар и од сите оние кои оправдано се засегнати од она што се случува во образованието, изјави Жика Крстевски, раководител на Сектор за образование во Општина Куманово

Целосно нормализирање на состојбата надлежните очекуваат од среда наредната недела , кога фирмата која што добила на тендер законски ќе почне да испорачува нафта на училиштата во Куманово.

-Веќе кажав дека немаме во континуитет испорака на потребите количини туку од денес  за утре го затвораме овој проблем. Тој за мене лош добавувач -фирма која не си ја заврши својата работа онака како што треба веќе е минато затоа што тој договор истече , избран е на тендер нов добавувач меѓутоа законската процедура е од изборот кој што беше минатиот петок до вторник треба да помине како законски рок на потпишување на договорот од изборот со можност за жалба на уште една фирма која се јавила на тендерот, и сега борбата е да го премостиме овој период , изјави Крстевски .

Вчера со студени простории поради недостиг на нафта останаа училиштата Вук Караџиќ, Христијан Карпош во населбата Перо Чичо, Бајрам Шабани и Наим Фрашери.

Во Куманово 8 основни и средни училишта се  затоплуваат  на нафта, а останатите на гас и огревно дрво и  засега немаат проблеми со греењето.

Коментари

коментар(и)