Нема новогодишно украсување, поради кризата, парите ќе се пренаменат

Куманово и годинава нема да биде новогодишно украсено. Од општината информираат дека градоначалникот на идната седница на Советот ќе предложи средствата наменети за украсување, во износ од околу 2 и пол милиони денари, да се пренаменат за реализација на енергетско ефикасен проект, односно за  фотоволтаични панели и изолација на објект од јавен карактер, на територија на општината.

Со ова како што велат, ќе се намали потрошувачка на електрична енергија и дополнително ќе се даде придонес во контекст на енергетската криза којашто се најавува.

Коментари

коментар(и)