Нема регистирани новозаболени во Куманово

Во последните 24 часа се направени 2.216 тестирања, а регистрирани се 2 нови случаи на КОВИД-19 од Скопје. Во истиот период не се регистрирани оздравени пациенти ниту пак починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 879.339 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.684, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 223.

 

Коментари

коментар(и)