Неопходно формирање на Комитет за византиски студии

Археологот Дејан Ѓорѓиевски вработен во кумановскиот Музеј е еден од неколкуте македонски претставници кои што учествуваа на 23-Меѓународен конгрес на византиски студии во Белград кој што се одржа од 22 до 27 август.  Конгресот  , како што информира Ѓорѓиевски, бил отворен под мотото „Византија-свет на промени“  и е најголем во досегашната историја, со повеќе од  1400 регистрирани истражувачи кои учествувале  на сесиите и седниците.

-Импресиите се прекрасни, пред се имате шанса да се претставите како научник, а потоа ја претставувате и вашата институција , на крајот ја прествувате и вашата земја со тоа гостување и од друга страна има извонредни шанси за остварување на контакти со истражувачи од целиот свет кои што се занимаваат со истата проблематика.

-Бевме околу 7-8 луѓе кои што потекнуваат од Mакедонија и имаше неколку наши доктори кои што докторирале на светските универзитети а се од Македонија и учествуваа на конгресот ,изјави Дејан Ѓорѓиевски, археолог

Споредбено со останатите земји од светот и регионот, учесниците од Македонија биле во мошне мал број, а повторно била  согледа и потребата за основање на Национален комитет за византиски студии, вели археологот Ѓорѓиевски.

-Oтсуствто на македонски византолози на светската сцена се должи на отсуство на некоја организација внатре во Македонија која што ќе ги обедини сите византолози, такви организации или меѓународни комитети има во сите земји во регионот па и во светот, а кај нас извонредно голем број од византиски споменицци се сочувани , а се уште нема формирано Комитет и мислам дека токму поради тоа се должи таа мала застапеност на македонските научници на овој Конгрес. Во иста поради отсуство на кмитет кој ќе ги обедини истражувачите самоиници со поднесување  Се надевам дека за следниот конгрес тоа ќе биде поорганиизрано и дека македонски научници во многу поголем број ќе се претстават , изјави Ѓорѓиевски

На територијата на Куманово има сочувани  ремек дела на византиското сликарство. Станува збор за црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане и црквата посветена на Богородица во Матејче, а има и  траги за голем број христијански базилики кои што се предмет на истражување на оваа наука, посочуват надлежните.

Коментари

коментар(и)