Стечајците ќе ја блокираат патарината Романовце

Предупредувачки протест на патарината на излезот од Куманово во близина на Романовце најавува здружението УНИТ. Стечајните работници во петок ќе организираат едночасовна блокада на сообраќајот на автопатот кон Скопје.

– Велат дека можеме да заработиме и кривична пријави, но немаме што да изгубиме , веќе немаме страв, едночасовно ќе биде , а еден час ќе помине во движење . Во петок во 09 часот ќе тргнеме пеш од комитет, на патарина ќе стоиме еден час и потоа се враќаме. Очекуваме поддршка од СВР Куманово, изјави  Лилјана Георгиевска, Здружение  на стечајни работиници „УНИТ “

Стечајните работници кои што членуваат во здружението УНИТ повеќе од една деценија се обидуваат на сите можни начини да си ги остварат своите егзистенцијални права. Бидејќи сите нивни досегашни обиди беа не успешни , а освен тоа сметаат и дека веќе се заборавени и од опозицијата и од централната власт, се надеваат дека со радикализирање на мерките за борбата за живот конечно ќе се реши нивниот статус.

На денешниот редовен состанок на стечајните работници во општинската сала во поранешен комитет освен што беше договорен двочасовниот протест во петок, се разговараше и за заостанатите долгови на оваа категорија на граѓани и начините на нивно отплаќање, бидејќи во спротивно на нивните врати може да се појават извршители. На следниот состанок во понеделник се очекува присуство на директорите на јавните претпријатија Водовод и Чистота и зеленило, кои што би требало да им предложат на стечајните работници како да ги вратат натрупаните долгови за вода и ѓубрарина.

Коментари

коментар(и)