СДСМ денеска ќе го објави името на кандидатот за градоначалник, со кој ќе настапи на претстојните локални избори во Куманово.
Извршниот одбор синоќа ги утврдил кандидатите за градоначалници, а тоа ќе го соопшти на прес конференцијата што е најавена во 16 и 30 часот.
ТВ Плус неофицијално од извори од партијата дознава дека актуелниот секретар на општинската организација во Куманово, Оливер Илиевски ќе ја добие поддршката од партијата и ќе влезе во трката за градоначалник на Куманово.
Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски на изборите ќе настапи како независен кандидат, а ВМРО-ДПМНЕ веќе пред една седмица соопшти дека поддршката од граѓаните ќе ја бара актерот Тони Михајловски.
