Не постои краткорочно решение за загадувањето на воздухот

Не постои краткорочно решение за намалување на нивото на загаденоста на воздухот, истакна на вчерашната седница на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски одговарајќи на советничко прашање. Имено советничката Емилија Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ, го праша првиот човек што направила општината на овој план.

-Со оглед на тоа што за десетина дена започнува грејната сезона ме интересира дали  имате преземено конкретни мерки за намалување на загаденоста на воздухот во општина Куманово. Сведоци бевме дека во изминатиот период последната година особено нивото на загаденост на воздухот беше особено висока, дали имате преземено досега некои чекори и какви се вашите идни планови за да се намали нивото на загаденост во воздухот-праша Трајковска.

Градоначалникот на Куманово истакна општината не може да преземе посериозни краткорочни мерки, оти ги нема. Дополни дека единствено што може е во најзагадените денови јавното претпријатие Чистота и Зеленило да ги запрашува улиците. Нагласи дека методот на аеросолизација што го спроведуваа дал резултати. Додаде дека истражувањето покажало дека загадувањето е различно  на неколку делови во градот. Најголема загаденост како што посочи Димитриевски е забележана кај болницата, која се затоплува на мазут.

-Oсвен капитални вложувања во делот на она што значи гасификација на општината и објектите како болницата и други поголеми загадувачи, интензивно сме во разговори со Mинистерството за здравство во нивниот буџетски календар е ставено за наредната година гасификација на болницата во Куманово за која новиот менаџерски тим има изготвено проектна документација а ние како јавно претпстијтие сме подговтвени да обезбедиме приклучок-потенцираше тој.

Градоначалникот на Куманово истакна и дека е неопходна анализа во делот на затоплување, бидејќи загадувањето доаѓа како резултат на согорување на несоодветно огревно дрво.

-Луѓето согоруваат се и сешто што ќе стигнат, лоциравме неколку објекти поголеми загадувачи во градот, минатата година поднесовме неколку пријави, 5000 евра е казна за правни лица кои согоруваат недозволени материи и како што гледате нема повеќе голем број на гаражи каде се поправаат возила да согоруваат масло и друг тип на материјали, пластика, гуми, но факт е дека пак загадувањето доаѓа од нас самите граѓани. Најдобриот прочистувач и заштита од загадувањее аеросолизација, дождот и редовно перење на улиците во градот. Ние ќе продолжиме во рамки на можностите во зимскиот период кога темераетурите се над 4 степени редовно да ги переме улиците. Минатата година голем број граѓани поставуваа прашања зошто во зимксиот период улиците во градот во зимскиот период се мијат но тоа е една од потребите за да се намали загадувањето бидејќи пм честичките кои лебдат во воздухот во текот на намалување на стуењето се таложат на подовите и доколку не се измијат се креваат повторно во воздухот-додаде тој.

Во однос на другите мерки кои што биле понудени, како монтажа на различни филтри на воздух на билбордите, како што рече Димитриевски калкулациите  покажале дека е незначително намалувањето на загаденоста а се огромни потрошувачи.

 

 

Коментари

коментар(и)