Не се воведуваат нови заштитни мерки поради делта-сојот

Комисијата за заразни болести  на денешниот состанок не препорача нови мерки за заштита од индискиот сој на корона вирусот.

Според членовите на комисијата во  земјава ситуацијата со епидемијата е под контрола и нема потреба од препорака за нови меки за заштита на граничните премини и воведување на задолжителен ПЦР тест за влез во земјава.

Во земјава веќе неколку дена е драстично намален бројот на заразени лица, активни со ковид-19  се 151 лице и нема нови починати како последица на коронавирусот.

Според министерот Филипче будно се прати ситуацијата и во околните земји.

 

Коментари

коментар(и)