Учениците и наставниците од основното музичко училиште „Панче Пешев“ денеска пред публиката во Занаетчискиот дом се претставија со новогодишен репертоар, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, објави Општина Куманово.
Програмата беше составена од 14 музички точки, од класични и светски популарни песни, во изведба на соло интерпретатори, хорот и оркестарот на училиштето. Празничната манифестација со пригодни зборови ја отвори претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска, упатувајќи најискрени желби и новогодишни честитки до сите граѓани, во присуство на членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.