-Драги мои сограѓани, почитувани граѓани на Македонија,
Зад нас е уште една година, година на големи предизвици, во која што Вие ги донесовте вашите одлуки. Денеска, во 26-та, влегуваме заедно, сплотени да работиме во интересот на сите наши граѓани за просперитет и подобра иднина на сите граѓани на Македонија. Со реализација на голем број на инфраструктурни, културни, спортски проекти, здрава животна средина и просперитет во целата држава.
Ви посакувам на сите многу здравје, среќа и успеси во 2026 година и од срце ви ги честитам претстојните Божиќни и Новогодишни празници.
Среќна Нова 2026 година на сите граѓани на Македонија и сите Македонци каде и да се во светот.