Здравствениот дом работи на подобрување на условите за работа и набавка на нов инвентар за медицинскиот персонал. Со сопствени средства набавени се професионални медицински столчиња и работни маси за сите одделенија.
-Обезбедени се соодветни услови за работа на медицинскиот персонал. Лабораторијата е опремена со најсовремена опрема за дијагностика-се вели во соопштението од оваа установа.