НРЦ со проект за поддршка на жени кои преживеале насилство

Мал е бројот на жени кои пријавуваат насилство, покажува извештајот  „Достапност и пристап до услуги за поддршка на жени и девојки Ромки коишто преживеале насилство во Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип“,кој денеска го презентираше Националниот ромски центар во Куманово. Проектот се спроведува со поддршка на Европската Унија, како дел од регионалната програма на UN Women. Истражувањата од терен покажале дека сосема малку жени од различни причини не пријавуваат насилство.

-Најчесто овие жени се соочени со јазична бариера, кога сакаат да пополнат и документација, но и кога примаат и бараат информации. Комуникацијата е малку повеќе отежната и не е ефективна, поради неразбирање на јазикот во некои средини, од друга страна, економската зависност ги спречува и да побараат заштита, но и да се одлучат ефективно да преземат некои мерки за да се заштитат, затоа што најчесто станува збор за жени кои што не се вклучени на пазарот на труд и се економски зависни, тешко се одлучуваат да ја направат таа средина затоа што поврзаноста кон децата, семејството што го имаат создадено пак ги враќа назад-истакна координаторката на проектот Катерина Шојиќ.

Според податоците 15 жени од Куманово побарале и добиле правни советувања во НРЦ.

-Имаше неколку судски постапки на жени кои што се жителки на Куманово, или кои што биле мажени во Македонија, надвор и пак се вратени во државата.  НРЦ продолжува со своите активности во рамки на проектот до декември но она што сакам да го истакнам е дека НРЦ е овластено здружение во регистарот на Министерството за правда за давање на бесплатна правна помош и на тој начин исто така нуди услуги на жени жртви на родово базирано насилство, жени жртви на семејно насилство без оглед на етничката припадност-дополни координаторката на проектот.

На презентацијата на проектот присуствуваа претставници на локалните институции, установи, невладини организации.

Коментари

коментар(и)