Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Канада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости’’.
Според полицијата, на 28.08.2026, пријавениот противправно набавил и присвоил фрагмент од камен песочник кој претставува културно наследство, со намера да го изнесе од државата без дозвола од надлежен орган.