Огласи за оператори за санирање општетени јавни површини

Општина Куманово објави два огласи за избор на економски оператори за одржување и санирање на оштетените јавни површини и за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки.

На огласот за одржување и санирање на јавните површини, заинтересираните компании, покрај општата документација, соодветните дозволи од Министерството за транспорт и врски треба да поседуваат соодветна механизација како и да имаат вработено стручни лица за изведување на дејностите.

Понудувачот во последните пет години треба да имаат склучено и реализирано минимум еден договор за реконструкција и санација на ударни дупки и јавни прометни површини со вкупна вредност од минимум четири милиони денари и еден за реконструкција и рехабилитација на улици со вкупна вредност од минимум од четири милиони денари.

Понудите треба да се достават до 3 мај, годинава кога е закажано отворањето во просториите на општината.

За втората јавна набавка, заинтересираните понудувачи треба да поседуваат соодветни лиценци од ресорното министерство, да имаат техничка опрема за изведување на дејностите како и претходно искуство, односно во последните три години да има склучено и реализирано минимум еден договор за реконструкција и санација со бекатон плочки со вредност од минимум десет милиони денари. Отворањето на понудите е на 11 мај, годинава во просториите на општината. За двата огласи, периодот на важноста на понудите е 90 дена.

Коментари

коментар(и)