Општина Куманово објави два одделни огласи за изградба на пешачка патека и за реконструкција на две улици во приградска населба, соопштија денеска надлежните од одделението за јавни набавки од општина Куманово.
Оваа година е закажано отворањето на понудите во општината, па затоа заинтересираните компании можат да доставуваат понуди заклучно со први март.
За изградба на пешачка патека и дел од улицата „АСНОМ”, од „Васко Карангелески” и „АСНОМ”, општината планира да одвои 5 милиони 254 илјади денари без вклучен ДДВ.
За реконструкција на улицата „120″ во населбата „Карпош” и улицата „252″ во „Ајдучка Чешма”, општината планира да одвои 4 милиони 420 илјади денари.
Сите оператори треба да ги приложат соодветните дозволи од ресорните министерства и да ја поседуваат потребната механизација.