Ограбен кафемат на градскиот базен

Непознат сторител изминатата ноќ украл пари од кафемат во Куманово.

Според СВР Куманово, на 26.06.2021 година во 05.28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на градскиот базен во Куманово непознат сторител со употреба на сила и подесен предмет отворил апарат за кафе и одзел пари.

Екипа на СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)