Одбележана Неделата на борба против ракот

Општинската организација на Црвен крст од Куманово во рамките на традиционалните активности деновиве ја одбележа Неделата на борба против ракот.

Под мотото „Раната детекција спасува живот“ беа организирани пет едукативни работилници во просториите на Црвен крст Куманово со членовите и волонтерите на општинската организација. На работилниците 105 учесници беа едуцирани за тоа како можат да ги намалат ризиците од развој на карцином со едноставни превентивни мерки и промена на животните навики, посебно кај младата популација, како што се здрава исхрана и одржување на нормална телесна тежина, практикување на физичка активност, престанок со пушење, конзумирање на алкохол, умерено изложување на сонце и слични навики кои треба да се практикуваат во секојдневното живеење.

Воедно, годинава во одбележувањето на оваа недела се приклучија и учениците од училишниот клуб при ОСТУ „Наце Буѓони“, кои на работилницата изработија панделки во знак на борба против ракот и истите ги поделија на останатите ученици и професори во училиштето.